(ФОТО+Рецепт) Диета со која за седум дена ќе истопите и до 6. килограми!

Нема жена која нема некоја „своја диета“ која ја применува кога ќе стави неколку килограми повеќе…
Овие диети, кои траат неколку неколку дена, најчесто една недела (7. дена) ви помогнуваат да истопите од 3 до 5 -6 килограми се попознати под називот блиц диети бидејќи не се препорачливи за подолга примена…

Денес ви ја претставуваме Диетата со чорба од зелка
Искрено, првпат за оваа диета слушнав од мој колега кој со сопругата имаше обичај после божиќните празници да ја држи оваа седумдневна диета со цел да ги „истопат“ наталожените килограми од празниците…
Состојки:врзоп млад кромид или два страка праз, половина килограм домати, две зелени пиперки, 1 главичка зелка, пет моркови, врзоп целер, врзоп магдонос, сол, црн пипер, кари и чили.

Подготовка: ситно исечкајте го зеленчукот и ставете во лонец. Потоа полијте го со два литри вода и варете околу 10. минути додека водата не зоврие. Откако ќе зоврие варете околу 30. минути, на средна температура. На крај можете да додадете малку оцет за да го ублажите јакиот мирис на зелката.

Пет основни правила:
Колку килограми можете да ослабнете:
– Шест килограми за седум дена.

Принцип?
– Колку повеќе јадете од чорбата организмот согорува повеќе масти и со самото тоа повеќе
слабеете.

Предности?
– За само една седмица можете да ослабнете така што „ќе влезете“ во гардероба која сега ви е мала, дури за два конфекциски броеви: идеално ако сакате во рекорден рок да ја дотерате линијата.

Недостатоци
– Основа на диетата е зелка. Доколку не ја поднесувате ќе мора да ја замените со друг зеленчук!

Фактор здравје?
– Блиц диетите, во кои спаѓа и оваа, можат да се спроведуваат најдолго една седмица и не
почесто од два пати годишно.А, ако после диетата повторно се здебелите повеќе нема да
можете да се радувате на загубените килограми.

Предвидено мени
Освен чорба од зелка, во деновите додека трае диетата, дозволено е да се јаде и следното:
Прв ден: сето овошје освен банани
Втор ден: свеж и варен зеленчук. Одбегнувајте грав, грашок и пченка. За вечера е дозволено варени компири и маргарин.
Трет ден: цел ден можете да јадете, колку сакате, свежо овошје и зеленчук
Четврти ден: Денес се дозволени три банани со посно млеко. На вашиот организам му се потребни јагленихидрати, протеини и калциум, а така се намалува желбата за слатко.
Петти ден: на дневното мени треба да биде максимално 200 г. месо (подготвено без маснотии) и шест свежи домати (може и чаша сок од домати)
Шести ден: месо и зеленчук – колку сакате. Сепак, јадете само зелен зеленчук.
Седми ден: последниот ден можете да јадете ориз, зеленчук и да пиете незасладени овошни

сокови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …