(ВИДЕО) Погледнете го Хенри Кавил како Гералт во серијата „The Witcher“

Клипот е споделен на профилот на Кавил на Инстаграм и на Твитер на Нетфликс, а можеме да го видиме глумецот во полн костум и нашминкан, со долга сребрена коса која Гералд ја преферира и во трилогијата на игрите ЦДПР.
Нетфликс не израдува со првиот поглед на Хенри Кавил во улогата на Гералт од Риви во серијата „The Witcher“!
Од друга страна ги нема познатите лузни, ниту брадата која ја засакавме во „The Witcher3“. Во текот на клипот Кавил е хит, но не одбива да се напие нешто, било да станува збор за напиток или нешто жестоко.
Покрај видеото откриена е и целата актерска постава: Ејмон Фарен е Кејхир, Ларс Микелсен е Стрегобор (ете барем некој Микелсен е во серијата заб. на авт), а Фреја Алан е дефинитивно Сири, усвоената ќерка на Гералт.
Сеуште нема дата за рпемиерата, но не се жалиме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …