Шокантно признание на бившиот директор на Мастерсот во Париз:На Федерер му ги исполнувавме сите желби за да полесно ја освои титулата!

Бившиот директор на Мастерсот во Париз,Жан Франсоа Којол, открил дека челниците на овој турнир исполнувале одредени барања на Швајцарецот Роџер Федерер за да тој што полесно го освои турнирот!
Жан Франсоа Којол бил директор на турнирот во периодот од 2007. до 2011. година. Федерер успеал да триумфира во 2011. година. Таа година организаторите ја промениле подлогата на која ќе се играат мечевите.
„Федерер е мој омилен тенисер и бидејќи организаторите имаат одредена слобода си реков дека би било убаво Федерер да го освои турнирот пред да си заминам“, рекол за L’Ekip бившиот директор на турнирот.
Подлогата на која се играло не му одговарала на федерер, па Којол одлучил да промени нешто за да Швајцарецот дојде во Париз.


„Беше 2007. година а тој не доаѓаше да игра од 2003. Го контактиравме неговиот тим и ги прашавме што не му се допаѓа и зошто не учествува. Се испостави дека во тој момент, подлогата било нешто што не му се допаѓа. Не советувашпе да земемје австриска компанија која правела слична подлога на онаа во Виена и му ја исполнивме желбата и ја променивме подлогата“, признал бившиот директор.
Федерер барал подлога на која топчето нема да има голем отскок, подлога која ќе биде побрза бидејќи таквите најмногу му одовараат.
„Почнав да барам материјали кои ќе го намалат отскокот на топчето за да играта биде побрза, па во 2010. тоа стана најбрза подлога и повеќе му одговараше на Федерер отколку на Надал. После 2011. година подлогата е поспора но и понатаму мислам дека е најбрза од сите“, заклучил Којол.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер денес од 16:30 часот го играат полуфиналниот меч од Мастерсот во Париз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …