(ФОТО) Нов тениски „блокбастер“: Новак Ѓоковиќ и Роџер федерер играат за пласман во финале на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ со победата над Марин Чилиќ (4:6, 6:2, 6:3) се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во борбата за финалето ќе се сретне со Роџер Федерер…
Покрај загубениот сет Ѓоковиќ „се соземал“ и потоа почнал да игра поубедливо за да ги добие следните два сета.

Федерер со победата над Кеи Нишикори закажал 47. епизода од „епот“ со Ѓоковиќ
Швајцарскиот тенисер Роџер федерер се пласирал во полуфиналето на турнирот во Париз откако го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Мечот со салата Берси траел само 81. минута а на Федерер за победа му биле потребни два брејка.

Полуфиналниот дуел ќе биде вистински тениски класик – тоа ќе биде 47. пат Федерер и Ѓоковиќ да играат еден против друг, а до сега Ноле има подобар скор – победил 24. пати.

Хачанов „го прегази“ Зверев за средба со Тим во полуфиналето
Младиот Русин, Карен Хачанов и Австриецот Доминик Тим беа првите полуфиналисти на Мастерсот во Париз. Хачанов „го прегази“ Германецот, Александер Зверев, додека Тим во пресврт бил подобар од Американецот, Џек Сок.
Хачанов на противникот му препуштил само три гема во целиот дуел – 6:1, 6:2. Му биле доволни еден час и осум минути игра за победа и пласман во второто полуфинале на Мастерс турнирите. Зверев имал проблеми со рамото, а во еден момент „ги загубил нервите“ и почнал да се расправа со луѓето од боксот на противникот.Наводно, се жалел на бучавата од боксот на противникот.

Осмиот играч на светот после голема борба го совладал Џек Сок со 4:6, 6:4, 6:4 за само два часа и 16. минути и првпат во кариерата се пласирал во полуфинале во престолнината на Франција.

Распоред на играње на полуфиналињата:
14:00 Доминик Тим – Карен Хачанов
16:30 Роџер Федерер – Новак Ѓоковиќ

Директните преноси можете да ги следите на Спорт клуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …