(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоко Ѓорчев концерт:Триумф на песната и душата!

Јубилеј за показ и доказ!
Така едноставно може да се опише синоќешниот концерт „MY WAY“ по повод јубилејот, 25. години на естрадата, на Ѓоко Ѓорчев во МОБ…

loading...

За многумина можеби беше чудно што овој пејач ќе има концерт во македонскиот храм на музиката, но по синоќешниот концерт, на сите кои беа присутни,тоа им стана јасно – Ѓоко не е само обичен пејач на забавни ноти – Ѓоко Ѓорчев е многу повеќе од тоа и местото му е токму таму – во храмот на Македонската опера и балет!


Синоќа во МОБ Ѓоко Ѓорчев одржа концерт за паметење…Концерт за кој ќе се раскажува и кој повторно ќе се посакува…
Меѓу гостите пак Трифун Костовски, Кате Танева, Трио “Џентлмен“, Кристина Палија, Зоран Џорлев, Ирена Крстевска Стефановска и секако неодминливиот придружник на Ѓорчев – Филип Стефановски бенд.


Како беше на концертот и како публиката го доживеа тоа што им го подготви вљубеникот во пишаните ноти најдобро ќе посведочат коментарите за концертот од оние кои минаа два прекрасни часа во дружба со Ѓоко и неговите песни, евергрини, ноти кои ја разгалуваат душата…

„Ѓоко Ѓорчев ти си вечност која трае. Само така ќе успееш – ако на го мериш времето на твојата музичка кариера. Ти ги надмина времето и просторот со твоите испеани ноти од грлото на врвен вокал…само напред и само успеси понатаму да поттикнуваш кај себе и кај другите!“
„Секоја чест Ѓоко, направивте голем спектакл кој ќе се памти. Одлично помината вечер, многу убав концерт и убаво избрани гости кои ја направивте вечерта уште поубава. Во иднина ви посакувам уште концерти бидејќи вие тоа најдобро знаете да го направите со вашата позитивна енергија, а емисијата ’Лица и дела’ на ТВ Сонце секогаш ќе ви помага во сето тоа и ќе ве следи…“

„Гоолема благодарност за подарените ноти, отпеани од срце, лек за душата, нека продолжи творештвото и уште мноогу песни и концерти.Беше незаборавна вечер, што ќе се памети.Најубавите спомени ги пее душата на човека и чувствата кои живеат во човекот. Рефрени кои го пишуваат животот …Уште долги години, милозвучните акорди нека одзвонуваат од срцето на човекот кој не даруваше со нектарот на музиката наречена “MY WAY”.. Здравје , среќа, љубов и благослов Ѓорѓи…Срдечен поздрав“

„Ти благодарам за прекрасните песни со кои ми го оживеа минатото, ја разубави сегашноста и ми даде надеж за уште убаво моменти поминати со твоите песни и твојот вонсериски глас. Ти благодарам Ѓоко“.

„Ти благодарам Ѓоко на прекрасно поминатата вечер со песните кои ја разгалуваат душата“.

Gepostet von Maja Mishkovska am Mittwoch, 31. Oktober 2018

И, што да се додаде после сето ова што го напишаа луѓето на кои 31. октомври ќе им остане запишан како вечер на Ѓоко Ѓорчев, вечер која ја минале незаборавно, вечер која им вратила верба во многу нешта, вечер која им ја разгалила душата но им дала и оптимизам и многу, многу љубов“…

Можеби, ќе ги израдува само уште еден концерт наредната година на кој Ѓоко Ѓорчев уште еднаш ќе им донесе многу емоции и љубов!

Фото:Маја Р. Рамона
Видео: Маја Мишковска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …