(ФОТО) „Ова се последиците кои злоставувањето во школо ги остави на мојата ќерка“

Илјадници луѓе дале поддршка на едно девојче, откако нејзината мајка Кери Колиџ од Тивертон во Девон на Фејсбук објавила фотографија од последиците кое на нејзината ќерка го оставило злоставувањето во училиште.
Кери раскажала дека нејзината ќерка Софи се разболела од стрес кој го предизвикале свирепите соученици. На фотографијата која ја објавила нејзината мајка девојчето лежи на болнички кревет.
„Еве што прави злоставувањето. Ова е мојата шестгодишна ќерка, во болница, поради злоставување“, напишала покрај фотографијата која досега е споделена повеќе од 210.000 пати.
Опишала дека Софија престанала да јаде и дека една ноќ повраќала 20 пати во еден час поради последиците кои на неа ги оставиле постапките на нејзината „најдобра пријателка“.

This is what bullying does…This is my 6 year old daughter, hospitalised, due to bullying…This is my child with…

Gepostet von Carrie Golledge am Montag, 29. Oktober 2018

„Ова е моето дете кое неброено пати е хоспитализирано поради последиците кои на нејзиното здравје ги остави анксиозноста. Тоа е моето дете кое го укориле дека ’во школо раскажува бајки’. Детето кое на социјалните мрежи го исмејуваат родителите на децата кои го злоставуваат, само затоа што има чисто срце. Кога се обидов овој проблем да го решам со управата на школото ми рекоа дека ’сите шестгодишници се такви’“, напишала мајката.
Неколку дена подоцна Кери им се заблагодарила на сите кои неа и на нејзината ќерка им пишувале коментари со подршка, а открила и дека ќерката ја запишала во друго училиште.
„Ми ја вратија верата во луѓето, која ја загубив последните месеци“, додала мајката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …