(ВИДЕО+ФОТО) Проблематичната пејачка прешла на ислам и го променила името

Славната пејачка Шинеид О’Конор ги изненадила фановите со објавата дека ја променила верата и преминала на ислам.


На Твитер објавила и своја фотка со хиџаб и ги известила следбениците дека отсега се вика Шухада Давит.


„Гордо објавувам дека станав муслиманка. Ова е природен заклучок на било кое интелигентно теолошко патување. Сите проучувања на светите книги водат кон исламот што другите свети книги ги прави за одвишни. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада“ напишала таа.

Исто така покажала и видео на кое учи езан, муслимански повик на молитва.

„Ова е мојот прв обид за пеење на езан. Некои зборови погрешно ги изговорувам бидејќи ме презедоа емоции, но ме чекаат уште стотина други обиди“ коментирала покрај видеото.
Инаку Шинеид е позната по критиките на католичката црква. Уште дамнешната 1992. година за време на гостувањето во емисијата Ѕaturday Night Live ја искинала сликата на папата Иван Павле II., а папата Бенедикт неколку години подоцна го прозвала поради заташкување на сексуалното злоставување над децата.

Во август оваа година од папата Фрањо побарала службено да ја ексхуминицира од католичката црква, пренел Irish Central.
Минатата година Шинеид доживеала тежок психички слом за време на кој признала дека е склона кон самоубиство, а слични испади имала и порано.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …