„Македонската рок сцена од 1963. до 2018. година со Тошо Филиповски“ – потврден говорник на UNDERFEST 2019

Повеќе од 30 години Тошо Филиповски е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена.

Македонската рок сцена во периодот од 1963. до 2018. година, тој ја овековечи за прв пат во капиталното издание „Рок енциклопедија“ (прв од трите том) на Тошо Филиповски. Тој во последните шест години работел на истражување и на нејзина подготовка, па сега во неа се собрани 333. музички групи и околу 2.500 музичари.

Во првиот том на енциклопедијата на 500 страници можат да се прочитаат биографиите на 333 домашни бенда, 2.500 музичари и називите на над 1.000 изданија создадени на нашата рок-сцена во изминатиот половина век. Енциклопедијата е збогатена со 400 црно-бели фотографии и ќе можете да ја набавите за време на неговото предавање на фестивалот „Историјата на рокенрол сцената во Македонија до денес“. Тој целото свое повеќе децениско искуство околу рокенролот во Македонија ќе се обиде да го објасни на неговиот говор во саботата на 6ти април.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Променет терминот на доделувањето на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарот – кулминација на доделување на филмските награди во САД, во …