(ВИДЕО) Изведувала акробатска точка па паднала од висина од четири метри!

Руска гиманастичарка која настапувала на познатиот циркуски фестивал не успеала до крај да ја изведе својата точка…
Во рускиот град Новокузњецки се одржувал познатиот циркуски феситавл на кој настапувале највештите акробати кои приредиле вистински спектакл, а во рамките на овој настан било организирано и натпреварување.
Гимнастичарка од Краснојарск изведувала акробатски трик на платнена лента. Иако нејзиниот перформанс почнал одлично, така што вежбала во воздухот, во следниот момент ја загубила рамнотежата и ја испуштила лентата од раце и паднала од висина од четири метри.
Со оглед на тоа дека немала никаков сигурносен појас, ниту била поставена заштитна мрежа, младата акробатка со сета сила паднала на земја.
Откако и била укажана прва помош, била хоспитализирана и моментално за неа се грижи лекарски тим кој и дал терапија.
Како што соопштиле од циркуското здружение гимнастичарката скршила рака.
„Токму сега излегувам од болница. најважна работа е дека кичмата ми е добро, се е во ред“ рекла и напоменала деека и е жал поради инцидентот.
Предупредуваме дека видеото кое следи има вознемирувачка содржина:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА: Бергузар Корел за 11. годишнина на бракот открила што му посакува на Халит!

Брачниот пар Халит Ергенц и Бергузар Корел ги освоија срцата на публиката во Македонија со …