(ВИДЕО) Кремаста зебра торта

Состојки:
Кора: 2 јајца, 2 лажици брашно, 1 лажица какао, 1/2 кесичка прашок за печиво, 2 лажици масло, 2 лажици млеко, + малку за поливање
Крем:1 литар млеко, 4 лажици нишесте, 6 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, малку екстракт од ванила, 2 лажици какао, лешници за украс
Подготовка: кора: одвојте ги жолчките од белките. Во садот со жолчки додајте го шеќерот и изматете. Потоа додајте масло, брашно, какао, млеко и печиво и се’ измешајте. Белките изматете ги во цврст снег и се соединете.
Смесата истурете ја во намачкан калап и ставете да се пече 15. минути на 200.степени.
Додека кората се пече подгответе го филот.Млекото поделете го на два дела и во два сада. Во двата сада ставете по 3 лажици шеќер и по 2 лажици нишесте. Потоа додајте и ванилин шеќер и екстракт од ванила. А во еден и какао.
Испечената токора натопете ја со млеко. Сварете ги филовите – ќе добиете еден бел и еден црн фил. На изладената кора ставајте наизменично од црниот и белиот фил. Израмнете и оставете убаво да се излади (барем час и половина). Украсете со лешници и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …