(ФОТО) Во оваа европска земја наскоро ќе се живее подолго дури и од Јапонија!

Јапонија со години се наоѓа на врвот на скалилото за најдолговечни нации на светот, со просечен животен век до 85. години. Наскоро во тоа ќе ги „прошиша“ една европска држава.
Institute for Health Metrics and Evaluation направил нова студија која покажува дека до 2040. година таа титула ќе и припадне на Шпанија.

Студијата објавена во магазинот Lancet открива дека Шпанците ќе имаат просечен век на живот од 85,8 години, односно 0,1 година повеќе од Јапонците. На трето место на најдолговечните нации ќе се најде Сингапур со 85,4 години, а ќе ги следат Швајцарците со просек од 85,2 години.

Истражувачите откриле дека најголема закана за здравјето на луѓето се дебелината, пушењето, неумерената консумација на алкохол, висок притисок и зголемено ниво на шеќер во крвта, односно работи на кои поединците можат за влијаат.

Во прилог на Шпанија како најдолговечна нација до 2040. година оди и нејзиното државно здравствено осигурување, кое Светската здравствена организација го сместила на скалата како седмо најдобро во светот.

На друга страна на оваа приказна се наоѓаат земјите со најнизок очекуван животен век. До 2040 година на дното на скалата ќе се најде африканската земја Лесото во која просечно се живее 57,3 години, Средноафриканската република со 58,4 години, Зимбабвме со 61,3 години и Сомалија со 63,6 години.
Резултатите на цела студија можете да ги прочитате ТУКА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во најубавиот европски воз, сите ги исклучуваат телефоните

Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, почетна точка е Цермат, последна Св. …