(ФОТО) Вистината зошто Меланија се омажила за Доналд Трамп: Новата книга открива детали и ја вознемирила јавноста!

Книгата се бави со сите жени во животот на Доналд Трамп – од неговата баба и мајка па се’ до неговите сопруги и ќерки…
Би можело да се каже дека скоро секој месец на пазарот се појавува по една книга за Меланија или Доналд Трамп, која донесува некои непознати детали од нивниот живот. Последната во низа е „In Golden Handcuffs: The Secret History of Trump’s Women” (Во Златни лисици: Тајна историја на жените на Трамп), на авторката Нина Барлејт која во книгата напишала како 48. годишната Меланија Трамп за свој сопруг го избрала 24. години постариот Доналд Трамп, очигледно во него барајќи татковска фигура која ќе ја заштити.

„Се’ се врти околу моќта и заштитата. Таа едноставно имала потреба од ’јак маж’ кој ќе ја води, татковска фигура“, открил “стар пријател’ на Меланија Трамп од Словенија.
Секако, не требало долго Белата куќа да се огласи на новата книга и нејзините наводи, поради што Стефани Гришам, десната рака на Меланија задолжена за односи со јавност, веднаш испратила соопштение.
„Како и обично, тврдењето на анонимен извор објавени во оваа книга не се точни. Само би додала дека авторката исто така не се потрудила да испрати прашања и да ги провери фактите кои ги напишала“.
Книгата на Нина Барлејт се бави со сите жени во животот на Доналд Трамп – од неговата баба и мајка, па се до неговите сопруги и ќерки. Самата авторка, која инаку следи политика за Newsweek,детално опишала дека третата сопруга на Трамп, родена во семејство во кое мајката работела во фабрика, додека татко и бил возач, со малку тежок карактер, работела во модниот свет пред да се омажи за постариот американски милијардер.

Еден „семеен“ пријател изјавил на словенечката телевизија дека Меланија се омажила за Трамп бидејќи ја потсетувал на татко и.
„Двајца мажи, помеѓу кои има само неколку годин и разлика, неодоливо личат еден на друг, по малку се воинствени и се подредуваат на работата“, напишала Бурлејт и не промашила многу, бидејќи слично споредување имала и Меланија Трамп.
„И двајцата се исклучителни работници и работата им е најважна. Многу се паметни и способни, иако растеле во различни окружувања, но вредностите им се исти, имаат иста традиција. Јас лично сум многу слична на својот сопруг. Сфаќате ли што сакам да кажам? Таков е и мојот татко: семеен човек кој ја почитува традицијата“, изјавила во април 2016, година за магазинот GQ.

Она што го сакала на крај и го добила – лична послуга и луксузен апартман, отворени сметки во Тифани и Гучи, како и личен возач кој а авози каде што ќе посака, вила во Бедминстер и куќа за „зимски одмор“ во Палм Бич. секако, како што пишува во книгата, сето тоа имало и своја цена – морала да продолжи да биде “секси Словенка“. Со мажењето за Трамп доживотно се осигурала, како и целото свое семејство, иако се потпишала на „живот во златен кафез“.

„Вистината за Меланија е онаа која уште Стане Јерко, словенски фотограф кој ја открил, забележал – таа никогаш нема да се чувствува пријатно во центарот на вниманието. Можеше да балансира на штикли од десетина сантиметри без да гледа во подот, можеше гола да се фотографира во авионот на Трамп, ако беше потребно. Но, сега кога цел свет има очи вперени во неа и во секое нејзино движење, не може да ја скрие својата напнатост. Единствено што таа сакала биле чевли со црвени ѓонови (скапоцените чевли на Кристијан Луботен) и кров над главата, и тоа го добила“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …