Жив, здрав, ненормален: Сергеј Трифуновиќ се огласил по онесвестувањето на бината!

Сергеј Трифуновиќ кого со носила го изнеле од сцената во Нови Сад и ноќта ја минал во болница, се огласил и ги смирил фановите.
Глумецот открил дека станува збор за замор и вирус и дека наскоро се враќа на сцената.

„Луѓе, се е во ред. Само мал замор на материјалот: ем со денови влечам некоја вироза, ем не застанувам.Жив, здрав, ненормален. И се извинувам на публиката во Носи Сад, ете не за три дена, да уживаме како што треба“.
Да потсетиме, на глумецот му се слошило само неколку минути после почетокот на претставата „Воз“ која требало да биде изведена во театарот на младите во нови Сад.

Се почнало вообичаено, полна сала, глумецот Сергеј Трифуновиќ и Воја Брајовиќ на сцената, а потоа после пет минути заминуваат еден по друг од сцената и не се враќаат.
Кога почнал немирот во публиката на сцената повторно се појавил Сергеј и рекол дека се обидел да игра но дека не успева бидејќи не се чувствува добро и ја замолил публиката за разбирање како и дека мора да ја откаже претставата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …