За пушачи и бивши пушачи: Напиток кој ги чисти плуќата од токсини од цигарите

Ако сте пушач или бивш пушач вашите плуќа се веројатно полни со токсини од цигарите. За да ги исчистите ќе ви користи напитокот со лековити својства направен од три растителни „снагатори“, ѓумбир, кромид и куркума.

Ѓумбир
Овој древен зачин од дамнина се користи поради своите исцелувачки својства. Помеѓу останатото помогнува и во елиминирањето на одвишната слуз во плуќата.

Кромид
Кромидот, како и лукот има антиканцерогени својства, а одличен соборец е и кај бројни малигни заболувања. Посебно е корисен во спречувањето на разни болести на системот за дишење.

Куркума
Куркумата или индискиот шафран е преполн со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства па секако со него збогатете ја вашата секојдневна исхрана.

За почеток додајте го во напитокот кој ги чисти плуќата а за кој ви треба:
– 400 г кромид
– 1 литар вода
– 400 г шеќер, или ако сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп
– 2 лажици куркума
– корен од ѓумбир си големина на палец
Подготовка: На водата додајте шеќер, ставете на огин и оставете да зоврие. Главичките кромид исечете ги на четвртини, распарчете го коренот ѓумбир и двете состојки додајте ги во зашеќерената вода. Кога мешавината повторно ќе зоврие додајте ја куркумата и намалете ја температурата на ринглата.
Оставете мешавината да се вари додека количеството вода не се намали за половина. Потоа исцедете и истурете во тегли. Кога потполно ќе се излади затворете и префрлете во фрижидер каде треба да стои сето време.
Од еликсирот земајте два лажици секое утро, на гладно и навечер два часа после оброкот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …