(ФОТО) На Сергеј Трифуновиќ му се слошило на претстава и е итно префрлен во болница

Сергеј Трифуновиќ откако му се слошило среде претстава завршил во болница, јавуваат српските медиуми. Глумецот требало да ја игра претставата „Воз“ во Нови Сад, но после само пет минути претставата била прекината и глумецот го повлекле од сцената. Трифуновиќ, се наведува, ја замолил публиката за разбирање и ја откажал претставата, а потоа дошла Брза помош и го изнела на носила.
„Блиц“ наведува дека публиката глумецот го испратила со аплауз, додека дел од гледачите останал да седи со надеж дека сепак станува дел за некаков перформанс.
Гклумецот за случката не се огласил на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …