„Прочитајте го“:Овие 4. работи покажуваат дека е фантастичен во креветот

Ако кај вашиот партнер ги препознаете овие четири особини, тоа сметајте го за една од причините за љубовна среќа.
Не е претерано битно дали мажот е „добар“ или е опасен фраер, за сите момци важи исто!
Имено, како што велат, фантастичиот однос нема врска само со умеењето и искуството туку и со карактерот на мажот кому му го посветувате своето внимание.

Тој е џентлмен
Ве прашува како ви минал денот? Ви го придржува столчето? Се сеќава дека сте имале важен проект на работа и го интересира дали добро сте се покажале? Ви ја отвора вратата? Добар е! Бидете сигурни дека нема да ве разочара кога ќе се изгаснат светлата.

Ве допира
Луѓето не се допираат само кога ќе ги обземе страст. Ако ве фати за рака за време на прошетка, или нежно ви го допира грбот кога ве пропушта да одите пред него, или ќе ве допре за време на вечерата, бидете сигурни дека тој и’ тоа како знае што прави.

Тој е свесен за фактот дека светот не се врти околу него
За повеќето луѓе, не само мажите, во еден момент во животот престанува да важи правилото дека сами на себе си се најбитни. Да, треба да се сакате себе, но би требало да ви причинува задоволство умеењето некого покрај себе да го направите среќен. Имајте го тоа на ум.

Нему никаде не му се брза
Мажот кој сака сериозна врска и кој ужива во темелното градење на односот со некоја девојка, има на ум дека нема потреба било каде да брза. Ќе биде внимателен и трпелив кон партнерката и нема да ја присилува да направи нешто за што таа чувствува дека уште не дошло време. Доколку партнерот ви рекол дека не му се брза или ви сугерирал да почекате, тоа не го сфаќајте како одбивање, бидејќи и не е.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 10. годишно девојче се обидело да се убие поради малтретирање во училиште

Насилството меѓу врсниците е се’ поголем проблем,а трагичната приказна и се случила на петчлено семејство …