Притисокот на оваа точка на телото на мажот доведува до незаборавен оргазам

Дали некогаш сте слушнале за јен-мо точката? Токму тоа е точката на машкото тело која наводно го интензивира и продолжува оргазмот.
Според некои таоистички учења, мажот не ејакулира, туку „инјакулира“, а во тоа му помогнува токму притисокот на јен-мо точката која се наоѓа помеѓу анусот и скротумот. Тие сметаат дека притисокот на оваа точка на ејакулација „превртува“, односно дека организмот на мажот повторно апсорбира семе. Мажот и понатаму чувствува пријатност, но во овој случај таа пријатност е многу понагласена и доаѓа во неколку поспори наврати поради што оргазмот може да трае и до пет минути, пишува сексуалната терапевтка Ен Хупер на својата страница.
Така барем тврдат таоистите.

Некои сексуални терапевти тврдат дека со притисок на оваа точка се запира протокот на спермата, но треба точно да се погоди местото, ако се притисне преблиску до анусот или преблиску до скротумот, нема да има ефект. Мора да се пронајде средината помеѓу тие два дела од телото.
Лу Пагет, автор на книгата „The Great Lover Playbook“, пак објаснува дека на тоа место се наоѓаат многу нервни завршетоци поради што е многу чувствително.Cosmopolitan пишува дека најдобра поза за симулација на тоа место е мисионерската.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 10. годишно девојче се обидело да се убие поради малтретирање во училиште

Насилството меѓу врсниците е се’ поголем проблем,а трагичната приказна и се случила на петчлено семејство …