Познато првото име за Underfest 2019 – „The Mole Pack“ ревијално на 7 април

„Познато првото име за Underfest 2019! Среќни сме што можеме да објавиме дека „The Mole Pack“ ќе свират на фестивалот во недела на 7 април 2019 година. Влезот е бесплатен“, соопштија синоќа од Underfest.

“The Mole Pack” штотуку го сними својот прв албум “Gambling Man” кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од квалитетни песни во кои покрај блуз и рок, има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание.

Без разлика дали се работи за интерес за музика, филм, било која форма на уметност, било која форма на наука или филозофија, или било каков интерес во животот – бендот повикува да “копаме” по она што навистина го сакаме. „Дружете се, сакајте се, и слушајте добра музика. Се надеваме дека ние ќе ви помогнеме во тоа” – велат “кртовите”, од каде што доаѓа името на бендот.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …