(ФОТО) Тажно и срамно: Тоше сеуште нема достојно почивалиште- Сите „собираат поени“ на него и го забораваат!

Пред два дена се навршија 11. години откако македонскиот пејач Тоше проески загина во сообраќајна несреќа кај Велика Градишка во Хрватска, а тој и понатаму почива во импровизирана гробница на градските гробишта во Крушево.
Гробницата која требало да биде само привремено решение се’ повеќе пропаѓа. Бетонските плочи почнале да тонат, а попушта и импровизираната метална конструкција која е покриена и заградена со обичен најлон.
Собранието на Македонија во 2008. година донесе одлука за изградба на меморијален споменик на починатиот пејач. Рокот за изградба бил две години, бил одобрен и буџет но ветувањето не е исполнето до ден денешен како ниту она што го даде поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓаозовски, кој рече дена на седница на владата се одобрени средства за оваа намена.

„Првата влада после загинувањето на Тоше ветила дека тоа ќе го преземе на себе“, рекол за хрватските медиуми, поточно за „Вечерњи Лист“, Славен Ристовски, сопруг на Дора, сестрата на Тоше.
„Претставниците на новата влада минатата година во медиумите објавија дека оваа пролет ќе се почне со изградба на гробот но, ете, сеуште ништо не се случи. Семејството има направено проект на гробницата на Тоше, се надевам и верувам дека власта ќе го исполни своето ветување до следната година“, додал Ристески.
Зетот на Тоше нагласува дека семејството и обожавателите се лути што Проески сеуште не добил гробница и споменик каков што заслужува. Фановите на „македонскиот славеј“ редовно ги посетуваат неговата вечна куќа и манастирот а доаѓаат и пред семејната куќа, каде се сликаат и оставаат цвеќе…

Но, останува уште едно прашање. Секоја година се организираат концерти со името на Тоше Проески и во негова чест. Колку убаво тоа звучи? За овие концерти Фондацијата на пејачот редовно добива средства од Министерството за култура, како оваа година кога им се доделени 5.000.000 денари (или околу 75.000 евра). Концертот ќе се организира, после неколку одлагања на 2. ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Влезот на овој концерт за кој организаторите добија 75.000 евра не е слободен па не интересира каде одат овие средства од влезници и зошто за 10. години и исто толку организирани концерти или други настани (помогнати од спонзори) не е направена гробницата?

Фото: Роберт Атанасовски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …