(ФОТО) „Самит на детски желби“: Подобрување на животот на децата од ризични категории!

Вчера, на 17 октомври, на интернационалниот ден за борба против сиромаштијата, здружението „Проект среќа“ ја организираше првата конференција за деца со помалку можности, „Самит на детски желби“.
Ова е прв пат кај нас, и во Европа, да се органира настан од ваков тип, каде гости и главни говорници, се само деца во социјален ризик. Тие говореа за сите предизвици со кои се соочуваат секојдневно,за нивниот живот, но и за силата која ја наоѓаат во себе за да се борат, да бидат одлични ученици, и да се приклучат во создавање на подобар свет за сите деца.

Идејата на овој настан,е за прв пат, децата да бидат центар на вниманието, тие да бидат ѕвездите, да им дадеме до знаење дека тие ни се најважни и дека без нив не можеме да создадеме подобро општество. Им покажавме дека не се сами, дека ние сме овде, и за нив ќе работиме на програми, кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење во секој сегмент. Дојдоа деца од сите делови на Скопје, но и од цела Македонија, сите регистрирани во нашето здружение, наши деца, наши другарчиња! На конференцијата зборуваа 9 деца, модератор на настанот беше Ивана Хаџиевска, на која сме и бескрајно благодарни за целата поддршка. Со говор се обрати и престедателката на ’Проект Среќа’,Кристина Арнаудова, која на децата им кажа дека и таа некогаш била дел од нив, дете во социјален ризик, и дека си ветила себеси, дека кога ќе порасне , ќе најде начин да им помага на децата кои имаат таква потреба, децата како неа.

Се обрати и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, како покровител на овој настан, кој ги поздрави сите деца, и им вети дека и понатаму ќе работи на проекти со кои ќе им го олеснува секојдневието и ќе им го подобрува квалитетот на живеење.
Интересен момент на конферецијата беше говорот на Дејан Ристов, кој е активен волонтер и поддржувач на „Проект среќа“, и неговата приказна, со која ги мотивираше сите присутни деца, дека и покрај се’ што во животот ќе ни се случи, со упорност и борба, можеме да надминеме се’ и да успееме.

На конференцијата присуствуваше и холандскиот амбасадор Wouter Plomp и заменикот министер за труд и социјална политика на Република Македонија. Беше присутен и претставник од УНИЦЕФ како и претставници од останатите здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика.
На крај, секое дете доби подарок, пакет со храна и подароци, како дел од проектот на Fairy-Share a Dish.

Благодарност и до агенцијата Њу Момент, која даде поддршка во организацијата и ги изработи видеата за кампањата за борба против сиромаштијата. Нашата пријателка , Елена Бојаџиева повторно беше заслужна за дизајнот на постерот на настанот. Конференцијата беше затворена за медиумите, заради тоа што се работи за деца, кои не сакаме да ги изложуваме на дополнителен притисок, со оглед на тоа дека се работи за најосетлива категорија на деца.
Се гледаме следната година, на уште една ваква конференција, уште поголема и поубава!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Македонскиот евровизиски претставник Марија Спасовска со свој настап на UNDERFEST фестивал

Вокалните способности на нашата Марија Спасовска се добро познати како на нашата публика, така и …