(ФОТО) Лошата сестра на Меган: „Ова дете ќе го зближи семејството“

На Маркл и е многу важно сите своето его да го остават на страна. Меган му направи некои работи на мојот татко, но во длабочината на срцето ја сакам и сакам таа и бебето да бидат добро, рекла Саманта…

Откако во мај постојано ја напаѓаше и навредуваше полусестрата, војвотката Меган Маркл (37), Саманта Маркл (53) одлучила малку да попушти, пишува The Mirror.
Како и целиот свет, Саманта се огласила по повод веста за бременоста на Меган.
Како што пишуваат медиумите, полусестрата е среќна поради Меган и се надева дека детето на кралскиот пар ќе го зближи семејството Маркл.
„Многу е важно сите своето его да го стават на страна.Меган му направи некои работи на мојот татко, но во длабочината на срцето ја сакам и сакам таа и бебето да бидат добро“, рекла Саманта.

Како што вели, не може да каже ништо негативно за бременоста бидејќи тоа е преубава работа.
„Да заборавиме се лошо што се случи и се изговори“, додала сестрата на војвотката.
Исто така, Саманта се надева дека Меган и нејзиниот татко Томас (74) „ќе ги измазнат“ работите за да и тој може да биде во животот на детето кога ќе се роди.
„Беше толку смешен со нас кога бевме деца па мислам дека на детето сигурно би му недостасувало ако не го запознае. Знам дека има големо срце и дека сака да биде дел од тоа“ рекла Саманта и додала дека се надева дека сите несогласувања ќе бидат решени.

Сестрата на Меган овој месец е во Лондон, но никој од кралското семејство не ја примил. Дошла до Кенсингтонскаста палата, но наводно обезбедувањето ја замолило да си замине.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …