(ВИДЕО) Соработниците на Трамп бесни:„Игнорирајте го стриптизот на Меланија“!

Жената во спотот ја соблекува јакната и седнува гола на работната маса на претседателот, а потоа заедно со Ти-Ај уништуваат се’ низ Белата куќа…

Раперот Tи-Ај ги навредил Канје Вест и првата американска дама Меланија Трамп во видеоспотот во која жена која наликува на неа изведува стриптиз во Овалната соба во Белата куќа.
„Како може ова да биде прифатливо”, напишала Стефани Гришам, портпаролот на Меланија Трамп, на Твитер и повикала на бојкот на спотот.


Меѓутоа, видеото е објавено во петокот, кога раперот го поставил на својот Твитер профил, а досега го прегледале 8,5 милиони луѓе.

Раперот во спотот се појавува во улога на обезбедување и набљудува како Доналд Трамп ја напушта Белата куќа со хеликоптер, а потоа се наоѓа со жена налик Меланија Трамп во Овалната соба. Жената е облечена само во јакна каква што носеше првата дама во јуни, со натпис “I really don’t care, do u?” (Мене не ми е гајле, а Вам?).

Жената во спотот ја соблекува јакната и седнува гола на работната маса на претседателот, а потоа заедно со Ти-Ај уништуваат се’ низ Белата куќа. Со спотот, раперот го промовира својот нов албум „Dime Trap”, но исто така и се пресметал со својот поранешен пријател Канје Вест, користејќи ја популарната снимка од средбата на Трамп и Вест во Белата куќа.

„Драг 45, јас не сум Канје”, напишал Ти-Ај, алудирајќи на 45-тиот претседател на САД. Ден претходно, 38-годишниот рапер го осудил Вест:
“Се срамам што воопшто соработував со него”, напишал тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …