(ВИДЕО) Португалските медиуми откриваат дека Роналдо го признал силувањето под притисок на Реал Мадрид – адвокатот открива „хакерски напад“

Се посочува дека Роналдо останува зад неговата позиција дека она што се случило во Лас Вегас во 2009. година е резултат на заеднички договор…
Американката Катрин Мајорга прва го обвини фудбалерот дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009. година, а потоа се јавиле уште три жени со истите тврдења.

Сега португалските медиуми дошле до сознанија дека челниците на Реал Мадрид, каде Роналдо прејде од Манчестер Јунајтед во 2009. година, го натерале играчот да потпише признание за вина за да не се нарушил угледот на кралскиот клуб.
„Клубот барал, а Роналдо се согласил да признае вина и да се договори, затоа што така целата приказна брзо би била готово, а девојката би се обврзала дека за тоа нема да говори, ниту повторно да поднесува тужба“, наведува дневниот весник „Корео да Мања“.

Португалската ѕвезда и Мајорга се дружеле во клуб во Лас Вегас, после што прв пат го обвинила Роналдо за силување и добила 370. илјади долари за молчење,но сега повторно ја покренува приказната, а полицијата во Лас Вегас покрена пак истрага.
Од друга страна, адвокатот на Кристиано Роналдо – Питер Кристијансен, ги негира обвинувањата против фудбалерот за силување на Американката Катрин Мајорга во Лас Вегас во 2009 година.
Во соопштението се вели дека документите, кои наводно вклучуваат признанија на Роналдо за актот, се комплетна измислица.
Според претставникот на фудбалерот, во 2015 година многу компании во Европа, вклучувајќи и правни, биле нападнати од хакер кој ги украл нивните електронски податоци. Тој се обидел да ги продаде овие информации, откако еден медиум („Дер Шпигел“) објавил некои од украдените документи, „големи делови од кои биле изменети и / или целосно фабрикувани“.

Се посочува дека Роналдо останува зад неговата позиција дека она што се случило во Лас Вегас во 2009. година е резултат на заеднички договор.
„Кристиано Роналдо не негира дека се согласил за договор, но причините што довеле до него, се во најмала рака искривени. Договорот во никој случај не е признание за вина. Она што се случило е дека Кристиано Роналдо ги следел советите на неговите советници, за да стави крај на неквалификуваните обвинувања на негова адреса и да избегне обиди како оној на кој сме сведоци, а чија цел е да го уништи угледот, изграден врз многу работа, спортски квалитети и правилен став“, се вели во соопштението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно …