Тони Димитров и Мартин Георгиевски ќе учествуваат на првото Биенале на западен Балкан во Грција

Македонската независна издавачка етикета post global recordings учествува на првото Биенале на западен Балкан кое ќе се случи во Јанина на 11 октомври 2018, претставувајќи дел од своите артисти. На самото отварање на биеналето ќе настапат Тони Димитров и Мартин Георгиевски (post global trio), со лајв перформанс, во транспарентен мобилен простор, специјално дизајниран за оваа намена.

Исто така етикетата, со свој звук, ќе биде дел и од звучната изложба Sonic Minds: Mnemonic Passages, концепирана за мобилна апликација и користејќи го урбаниот градски пејзаж на Јанина како простор за изложување. Овој звучен проект го истражува концептот на меморијата низ звук.

Изложбата за звук Sonic Minds: Mnemonic Passages е нематеријална изложба која може да се истражи преку слободни прошетки по урбани и природни патеки со користење на локативна медиумска мобилна платформа. Изложбата го истражува односот на звукот и меморијата како колективен и културен израз, преку звучна уметност и усна историја.
Sonic Minds ги испитува концептите како оралност, слушна меморија и техничка репродуктивност, во врска со традицијата и екософијата. Кои се звучните и мнемонистичките толкувања на колективното човечко искуство? Како звукот се изразува како поврзување на минатото и сегашноста во имагинарноста на една заедница? Како може концептуалниот звук – звукот што го слушаме во нашите мисли – да биде снимен и интерпретиран со разгорување на сеќавањата и емоциите?

Куратор на изложбата е Лиа Димоу.

Биеналето на западен Балкан (The Biennale of Western Balkans) е нов уметнички и културен настан и институција, кој се одржува за прв пат во градот Јанина, во регионот Епир, во октомври 2018. Визијата е да го донесе нематеријалното културно наследство и вредностите за заедницата во современ контекст, во врска со уметноста и новите технологии.
Целта е да поддржи и да презентира современа уметност која може да ги вклучи аспектите на нематеријалното културно наследство на заедниците на Грција и Западен Балкан, како и на европското и меѓународно поле. Покрај тоа, Биеналето има за цел да создаде критична рамка за ширење на современата мисла и истражувања во уметноста и културата, отворените технологии и заедниците.
Под насловот „Традицијата одново” Првото биенале на Западен Балкан претставува интердисциплинарни проекти кои ги истражуваат аспектите на нематеријалното културно наследство и можностите за нивната дигитална иднина. Програмата содржи главен настан, три изложби и три конференции и работилници. Биеналето поставува рамка за да предвиди создавање на Виртуелен музеј за нематеријално културно наследство и современа мисла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Студиото за танц од Скопје BEATRIX CREW ќе се претстави на UNDERFEST 2019

Beatrix Crew е студио за танц од Скопје. Нивниот стил е од стрит хип-хоп, сите …