Почина Бранко Давидовски – легенда на македонското спортско новинарство

На 88. годишна возраст денеска во Скопје почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски. Меѓу спортски работници Давидовски беше познат по прекарот „Мајка“.
Давидовски со спорт почна да се занимава 1947. година во периодот на основањето на ФК Вардар. Ги помина сите возрасни категории, а заигра и за сениорскиот тим.
По фудбалската кариера почна да работи како спортски новинар. Најголема трага остави во Македонското радио каде долги години беше уредник. Известуваше од бројни домашни и меѓународни спортски натпревари. По пензионирањето, хонорарно работеше за весниците „Вечер“, „Утрински весник“ и „Македонски спорт“.
Погребот на Бранко Давидовски ќе биде утре во 12 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Надал по деветти пат го покори Рим: Ѓоковиќ преслаб за фуриозниот Шпанец!

Рафаел Надал го освои Мастерсот во Рим со победа против Новак Ѓоковиќ,по три сета и …