Крис Хемсворт: Многумина страдаат во Холивуд – Глумците, посебно децата ѕвезди, често стануваат жртви на славата!

Крис Хемсворт за магазинот Esquire вели дека славата го променила. Холивуд е, како што наведува, опасна работа со која треба да се однесувате многу внимателно бидејќи во спротивно ќе станете нејзина жртва.
„Би сакал да бидам запамтен како личност каков сум…бил“, вели Хемсворт.
„Некој кој е сочувствителен. некој кој има добра смисла за хумор. Некој кој уживал во животот и постигнлак голем успех, кој сето тоа не го сфатил премногу сеирозно, туку напорно работел и се жртувал за семејството и пријателите кога било потребно. Слава, брак, доаѓање на првороденче – сето тоа се случило пред триесеттина години. Тоа е некоја поплава поради која морате да научите да плутате. Глумците, посебно децата ѕвезди, често стануваат жртви на славата. Холивуд е немилосрдна машина, тигар на кој не можете да му свртите грб“, навел глумецот.
Крис Хемсворт, поради своите деца, се исели од Холивуд.Тој со сопругата и трите деца се врати во неговата родна Австралија со цел неговите деца да имаат мирно детство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно …