(ФОТО) Младата пејачка и глумица повторно хоспитализирана поради емоционален слом

Иако како главна причина за повлекувањето од социјалните мрежи го навела нејзиното ментално здравје кое сака да остане нормално, многумина нејзината емоционална нестабилност ја поврзале со венчањето на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер со манекенката Хејли Болдвин
Пејачката и глумица, Селена Гомез, вчера била хоспитализирана поради емоционална нестабилност, пренесува таблоидот „TMZ“.

Во болница завршила и пред околу две недели, поради алармантно низок број на бели крвни зрнца, после трансплантацијата на бубрег и пуштена е на домашно лекување после неколку дена, кога нејзината здравствена состојба се стабилизирала, наведуваат бројни извори блиски на пејачката.
Но, проблемот се повторил и Селена повторно била хоспитализирана против своја волја, поради што доживеала емотивна нестабилност, па е префрлена во психијатриска установа, каде што ќе престојува и понатаму, пишува „TMZ“.

„Во периодот кога прв пат била хоспитализирана, некое време ќе се повлечам од социјалните мрежи. Но, пред да го направам тоа, преку лајв видео ќе ви одговарам на прашања, поврзани со моето ментално здравје и депресија“, напишала Селена на Инстаграм додавајќи дека негативните коментари можат да повредат нечии чувства..
Иако како главна причина за повлекувањето од социјалните мрежи го навела нејзиното ментално здравје кое сака да остане нормално, многумина нејзината емоционална нестабилност ја поврзале со венчањето на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер со манекенката Хејли Болдвин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Путин човек од збор: Тешко болното момче имало само една желба а рускиот претседател го исполнил ветувањето!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се состанал со Артја Палјанов од Ленинградската област, момчето кое …