Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш” од Ѓорѓе Јовановиќ по текст на Анри Мишо.

На 12 октомври во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата,неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

Графичката новела “Хашиш” е седма книга од стрип – едицијата “Лифт” на издавачката куќа Темплум.
Анри Мишо е еден од најуникатните творци на 20-от век кој покрај пишувањето поезија, проза и патеписи,долги години се занимавал со сликарство. Мишо се занимава со„внатрешниот свет” на човечките соништа и кошмари. Во еден период од неговото творештво, тој користел дроги, особено мескалин, за да достигне состојба на поголема чувствителност што би влијаела врз неговата уметност.

Мишо им припаѓа на групата на уметници кои ги уриваат конвенциите во литература – метафората и декорациите се ретки. Неговиот свет е полн со страв, вознемиреност и отуѓување.Тој создава надреални слики кои произлегуваат од неверојатни моќта на имагинацијата, често исполнети со многу апсурден хумор.
„Битно за мене беше тоа да не биде ‘сува’илустрација на текстот туку поттик да го пресоздадам со една моја визура.Светот во графичката новела ‘Хашиш” изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела.

Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти- записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем просторз а ‘маневрирање’”- вели Ѓорѓе Јовановиќ, визуелен уметник од Скопје.
Изданието е финансирано од Фондацијата Отворено општество – Македонија и Хопс-Опции за здрав живот-Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

„Точно на полноќ“ – новогодишен концерт на Македонската филхармонија со славното Дуо Гурфинел

„Точно на полноќ“ е насловот на Гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи …