Големиот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola на нова локација: Битолчани добија ново место за рекреација и дружење – отворена 14- та „Coca-Cola Активна зона“

Четиринаесеттата „Coca-Cola Активна зона“ од големиот проект на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“ кој се реализира веќе трета година по ред, денеска беше поставена во Битола.
Лоцирана во централното градско подрачје, во т.н Парк на шампиони, „Coca-Cola Активната зона“ е место во кое граѓаните од сите генерации ќе можат да се рекреираат и дружат.

„Среќни смешто денеска, во прекрасната Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот проект ‘Coca-Cola Активни зони’. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување насилно општество, сега, но и за во иднината“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.
На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред „Coca-Cola Активна зона“, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, присуствуваа бројни претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од општината.

„Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција, па овие проекти доаѓаат како логичен редослед преку кој заеднички покажуваме како на дело изгледа добрата соработка. Како една од најуспешните општини во Македонија на спортски план, навистина сме благодарни што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola го препознаа нашиот успех и токму нашата општина е дел од 5-теопштини кои годинава добиваатАктивни зони. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација, релаксација и дружење, а како содржина, претставува одлично надополнување на нашиот ‘Парк на шампиони’.‘‘ – изјави г-ѓа Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а наскоро ќе биде поставена уште една Coca-Cola Активна зона, со која ќе се заокружи третиот циклус на проектот за 2018 г. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Во среда е најголемата македонска слава – Свети Никола!

Во среда православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. …