(ФОТО) Искрена исповед: Како со соодветна (секојдневна) исхрана му го продолживме животот на нашиот татко – со големи срцеви проблеми – за шест години!

Кога пред 20. години доктор Кедев му стави пејсмејкер, отидов на разговор со прашања што понатаму и каква исхрана да применуваме…

Болеста дојде преку ноќ, веројатно се таложело па се манифестираше после еден голем стрес кога од „столицата“ почна да му излегуваат згрутчени парчиња крв…
Лекарските испитувања рекоа дека има проблеми со микроциркулацијата во срцето (народски кажано) и дека срцето не пумпа доволно крв…
Поради проблемите беше кажано дека е добро да му се стави пејсмејкер кој ќе му ја олесни состојбата…Кажано, сторено…Во таа 1998. година доктор Кедев му стави пејсмејкер а никој не можеше да забележи дека татко ми има таков инструмент во своето тело бидејќи резот беше скоро невидлив…

После интервенцијата се посоветував со докторот околу исхраната и ми беше кажано дека немаат соодветни сознанија освен оние стандардни за сите лица со болно срце…
Но, тоа не ми беше доволно и почнав да истражувам…Во тоа време ја имав купено книгата од Дајмонд за правилна и здрава исхрана со рецепти и почнав да ја читам и малку по малку почнав да ги внесувам советите во исхраната на мојот татко…
Тој претходно беше пушач (за среќа претходно ги остави цигарите), гурман – грав не можеше да се замисли без свински ребра, секогаш некои меса, зачинета храна – типична за тој период…
Но, како ја читав книгата сфатив дека може да ја примениме бидејќи немаше некои големи ограничувања – правилото беше да не се конзумираат животински протеини (месо, јајца, риба, сирења) и јаглени хидрати како компири, ориз, тестенини…
За среќа татко ми беше разбран човек и промените не го погодија многу…Во домот веднаш почна да се купува црн леб, млеко од соја (во тоа време ги немаше овие сегашни готови, или од бадеми), многу зеленчук, посно месо (главно пилешко и јунешко), риба (која ја обожуваше но не смеевме да ја пржиме со
брашно), овошје – се’ што можеше да се најде…Маслиново масло, маргарин од маслиново масло…
Со таа исхрана тој ослабна, го намали вишокот килограми, кошулите „шетаа“ околу него…полесно се движеше иако тоа беше голем проблем…Но, неговата и моја упорност придонесоа да го прифати новиот начин на исхрана…Користевме вештачки засладувачи, фруктоза (немаше стевија), посни бисквити, ореви, бадеми, лешници – за среќа имаше здрави заби и можеше да ги грицка тие оревести пловоди…
Холестеролот, и оној лошиот беа под дозволените граници.
Со тој начин на исхрана татко ми преживеа:
1 премостување (кај Жан митрев)
9 коронографии – во Државна болница
3 стента – во Државна болница
1 пејсмејкер – во Државна болница

Дајмонд исхрана…јадеш се но не заедно…Како?
Дајмонд исхраната се состои од правилно комбининрање на продуктите.
За појадок и до половина час пред ручек се препорачува јадење свежо овошје и зеленчук.
За ручек може да се комбинираат:
– протеини со зеленчук (салата)
– јаглени хидрати со салата, а дозволено е да се комбинираат два јаглени хидрати, на пример грав, леќа, ориз со леб и секако салата
За вечера беше дозволено:
– или тоа што било од ручек или нешто друго – по желба
За да исхраната не биде монотона и еднообразна почнав да „испробувам“ рецепти
– ориз на сто и еден начин: со зеленчук, како турли тава (без месо), ризото со печурки, ризото со „златна мешавина“, динстано месо со зеленчук, качамак со топчиња од соја и друг зеленчук…Ќофтиња со кромид и зачини (без јајце и леб или презли) печени на грил тава, на пример…Но, да не го претвориме ова во готвач, ќе напоменам дека е се’ дозволено доколку се следат комбинациите.

Од готвачот на Дајмонд многу често ја правевме чорбата со брокула, карфиол, но и зелка, пиперки, моркови…Кога зеленчукот ќе беше варен во блендер го иситнувавме и добивавме густа чорба со многу суви зачини и малку маслиново масло…која ја дополнуваше со малку јогурт…
Татко ми место вечера пиеше јогурт, но после ручек продолжуваше со овошјето.
Фактички, после ручек, после два часа ако се јадат јаглени хидрати а после три ако се конзумирале протеини (место) можеше до половина час поред вечера да се јаде овошје.
Жив човек секогаш има желби, па така и тој. Но, за 10. години тој направи само неколку прекршоци – по еднаш качамак со сирење и пржени лепчиња со сирење. И’, тоа се случи само еднаш за појадок кој го јадеше и за ручек и потоа одново по старо.
За него беше нормално дневно да пие зелен чај или млеко до соја со какао…Кафе пиеше едно дневно – обично бидејќи она без кофеин не беше добро.

Зошто овие информации?
Во август 2002. година во болница ми рекоа да се подготвуваме на најлошото бидејќи состојбата е многу тешка и покрај бројните интервенции…Но, татко ми проживеа уште скоро шест години – почина крајот на јули 2008. година – во секунда – едноставно падна.
Последната година секој месец одевме во болница „малку да го окрепат“ и покрај редовната терапија, или секој ден мерење на обемот на стопалото – доколку беше отечено да се пие посилен диуретик…
Но, знам дека токму начинот на исхрана во кој ништо не недостасуваше, му го продолжи животот. И’, неговата желба за живот и дисциплина. Секој ден јадеше и по една лажица мешавина од цимет и мед бидејќи е добро за срцето…Сок од домати (од оние 100% во тетрапак или шише) му беше десерт во текот на денот. Можеби бев премногу ребносна во барањето начин да го задржиме што подолго меѓу нас па постојано истражував и барав нешто ново…
Сакав со јавноста да ги споделам овие информации, особено со лицата кои ги имаат истите проблеми, и да покажам дека здравјето не се само лековите туку и исхраната. Не се потребни и специјални исхрани – со продукти што се ретки кај нас – туку само правилно комбинирање на тоа што го јадеме секој ден и многу добра воља.

Г.О.
(Доколку сакате повеќе информации пишете ни на info@ekran.mk)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

На слончето на Халкбанк му треба име!Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – …