(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон останува владетел на „Сузука“ – титулата се’ поблиску!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, триумфираше во трката за Големата награда на Јапонија.
Актуелниот шампион славеше на шест од последните седум трки на патеката „Сузука“. Британецот трката ја заврши во време од 1:27:17.062.

Втор трката ја заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас (+12.919), додека трет низ целта помина Макс Ферстапен (+14.295) во ред Булк Рејсинг.
Првите десетмина ги комплетирале Данијел Рикардо, Кими Раиконен, најголемиот ривал на Британецот во борбата за титула – Себастијан Фетел, Серхио Перес, Роман Грожнан, Естебан Окон и Карлос Саинц.

Трката ја одбележаа инциденти помеѓу Макс Ферстапен и возачите на ферари. Во првата ситуација излета од патеката, кога се вратил ја затворил тркачката линија на Кими Раиконен и заработил пет секунди казна.
Во продолжување на трката себастијан фетел се обидел да го престигне во борбата за третото место, дошло до контакт после кој фетел се свртел на патеката и во тој момент за Германецот практично била загубена секоја шанса трката да ја заврши пред лидерот Луис Хамилтон.

Возач на денот е Данијел Рикардо кој од 15. место стаса до четвртата позиција и така го заокружил добриот викенд за возачите на Ред Бул.
Трката не ја завршиле само тројца возачи – Кевин Магнусен, Нико Хулкенберг и Шарл Леклер.

Четири трки до крајот на шампионатот на Формула 1, лидер е Луис Хамилтон со 331 поен. Го следи возачот на Ферари, Себастијан Фетел со 264, додека Ботас е на третата позиција во генералниот пласман со 207 поени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …