(ВИДЕО) „Макфест 2018“ – втора вечер:Малку, ама само малку, почна да личи на фестивал – има ли публика во салата?

Втората вечер на „Макфест“ почна да ја поправа сликата од претходната вечер…
Ова веќе почна да заличува на фестивал, но сеуште е далеку од оној „Макфест“ на кој се изведуваа квалитетни (по сите тертипи) композиции – со добри текстови, музика и аранжмани…
Да не биде дека премногу критикуваме, ќе потсетиме дека и на претходните изданија на „Макфест“ умееле да се поткраднат „нефестивалски нумери“, или композиции кои демек не биле фестивалски но победувале…Но, факт е дека сите тие имале певливи рефрени, дел од песна која секому му влегува во уво…
А, такво нешто досега не слушнавме на „Макфест“ (секоја чест на 4 – 5 исклучоци, а некои не влегоа во финале)…Не зборуваме за инстант хитови, туку за песни со певливи рефрени кои влегуваат во уво и остануваат со децении како „Кога те нема…“ почеток на рефренот од првата победничка композиција на „Макфест“…

И’, синоќа имаше многумина со желба за пеење, како и погрешни изведувачи за вистински песни кои токму поради таа фалинка не влегоа во финалето…Нема да ги издвојуваме но факт е дека неколку такви песни не се во финалето бидејќи немале соодветен изведувач…
Ни, останува да жалиме што стручната комисија и медиското жири не си ги извршиле своите професионални обврски како што треба…Но, не секогаш влегувањето во финале, ниту пак победа гарантира дека една песна ќе биде слушана…
Дали грешам или чинам дека меѓу наградите не слушнав дека ќе ја има онаа за најслушана песна помеѓу двата фестивали…Можеби грешам, ќе видиме вечер…
И’, синоќа можевме да проследиме „веќе чуени“ звуци, веќе видени композиции, губење на глас, трема која “јаде“, измачување да се испее песната, детски изведби, некомплетни композиции, погрешни изведувачи (на два пати), интересни песни, неколку певливи рефрени…
И, сето тоа резултираше со овој избор на 10. композиции кои ќе ги следиме во финалето…

Во табелата одделно се прикажани по евровизиски систем резултатите од гласањето на публиката, стручната комисија и медиското жири. Во ранг листата се прикажани 10-те песни кои влегуваат во финале.

Како се гласа?
Во текот на првите две вечери не добивме информација како се гласа. Во, ред,, водителката неколку пати не потсети дека една влезница од публиката е еден глас. Но, ако „Макфест“ сака да биде транспарентен тогаш МОРА да се знаат членовите на стручната комисија и начинот на кој тие гласаат, како и кои медиуми се во жирито. Рака на срце во текот на двете вечери слушнавме дека медиски покровители се „Канал 77“ и „7дена.мк“, но дали се само тие…Или работите се „средуваат“ во од…
Вечерва 20. композиии ќе се борат за вредните награди. Победничката композиција ќе добие 5.000 евра (тимот според интерен договор ги дели средствата), втората со 4.000 и третата со 3.000. Ќе бидат доделени и четири стручни награди како онаа за аранжман, интерпретација, сценски настап…со по 500. евра.

МТВ „заборави“ како се врши пренос
Нема никаква дилема дека камерите на МТВ се во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, па нели следиме пренос две вечери по ред…И, благодарам многу што го поправивте тонот во однос на првата вечер…Сега „ушите не не болат“ толку многу…
Да се вратиме на камерите. Од тоа што го гледаме може да се забележи дека МТВ ангажирал 1 или 2 камери за директните преноси од Штип. Зошто? Па каде се широките кадри од салата (гледаме само еден директно на сцената) и потоа од случувањата во бекстејџот…Изостануваат реакциите од публиката, изведувачите – кога излегуваат, како гласа публиката…Се’ се тоа „ситници“ кои делуваат на квалитетот на директните преноси. Воопшто нема да навлегуваме „како тоа го прават некои други ТВ куќи“, тоа се други работи…Но, од МТВ едно време умееа да направат добар директен пренос од Макфест…Или, оние кои знаат си заминаа во пензија а новите немаат искуство или камери…Ѓавол ќе знае, но ова што МТВ ни го презентираше на првите две вечери од Штип е срамно…И, ќе биде така се додека некој не почне да сноси одговорност за својата работа…Телевизијата не е играчка – туку сериозна работа која треба да се врши на професионален начин…
Нам ни останува да се надеваме дека вечерва конечно тонот ќе биде како што треба, дека микрофонот ќе бдие наместен за секој изведувач и нема да треба со далечинското да одиме на плус или минус…
Ќе видиме, вечерва од 20.30 часот на првиот канал на националниот сервис..
Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …