Три прашања кои секој ден си ги поставуваат луѓето во среќни бракови!

Луѓето во долгогодишни врски и бракови комуницираат секој ден. Но, за тоа какви прашања си поставуваат и што всушност одговараат многу зависи квалитетот на нивниот однос.

Дали можеби ви е познат ваков тек на разговор?
Како беше на работа?
Добро.
Како ти беше тебе на работа?
Исто добро.
Што ќе јадеме денес?
Не знам.
Можеш ли да купиш леб на враќање дома?
Ок.

Иако животот е исткаен од мноштво вакви секојдневни измени на информации, тоа не е доволно за одржување на квалитетна врска. Среќните луѓе се чувствуваат сакано и поддржано од својот партнер.Токму поради тоа секој ден си ги поставуваат овие три прашања:

1. Како се чувствуваш?
Ова е навистина извонреден поттикнувач на разговор за подлабоки чувства. Тоа на вашиот партнер му дозволува да зборува за пропуштените прилики на работа, својот шеф, евентуалните фрустрации врзани за нов проект и слични работи.
Ова прашање исто така на другата страна и покажува дека сте заинтересирани за нивниот живот и дека сакате меѓусебно да го делите добрите, но и лошите моменти.

2. Како можам да ти помогнам?
Некогаш на партнерот му треба само некој кој ќе ги ислуша неговите проблеми. Друг пат побарајте мислење, совет или утешна прегратка. Со ова прашање му давате до знаење дека сте подготвени да го поддржите но и да му дадете прилика од вас да го побара она што навистина му треба во тој момент.

3. Кога можеме да разговараме?
Работа, семејство, куќа…Животот е преполн со секојдневни ситници кои не спречуваат во потполност да се посветиме на својот партнер. Но, кога ќе му го поставиме ова прашање му даваме до знаење дека за него сакаме да одвоиме време.
Сакаме да му порачаме дека неговите чувства и мислење се важни и дека сакаме да му се посветиме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

На слончето на Халкбанк му треба име!Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – …