Итар сопственик на iPhone смислил трик кој нема да ја воодушеви сообраќајната полиција

iOS 12 во себе содржи посебна карактеристика „Сири кратенки“ која се користи за многу практични и креативни работи, вклучувајќи и автоматско почнување на снимање на видеозапис во случај да ве запре полиција.

iPhone добил многу важна карактеристика, а тоа е апликацијата под име Shortcuts, односно кратенки. Во неа со малку логика и знаење може да се сложи скрипта која поврзува неколку апликации и се активира со едноставен притисок на типка или со помош на самата Siri.
Иако очигледните примени се доста непредвидливи (сместување фотографија од Инстаграм или палење на светла и почеток на репродукција на вашата омилена песна) има и некои трикови кои се навистина револуционерни.
Еден од луѓето кои ја возбудиле целата заедница корисници на телефонот на Apple е Роберт Петерсен кој направил многу сериозна и корисна кратенка под
името Police.
Police е направен за да ја снима интеракцијата на корисникот со полицијата и сместил запис од она што навистина се случува.

Мудра метода
Откако корисникот ќе ја инсталира кратенката, се’ што треба да каже е „Hey Siri, I’m getting pulled over“ (Еј, Сири, ме запре полиција). Програмата во ист момент ја паузира репридукциската музика, ја намалува светлината на екранот и го пали модот „не пречи“.Потоа испраќа текстуална порака на претходно дефиниран телефонски број кому се дава до знаење дека ве запрела полиција и почнува да снима видео запис со помош на селфи камерата. Откако ќе престане со снимање, видеозаписот може да се испрати на некој друг контакт или да се сними на Dropbox.
„Искрено, ми се чинеше дека снимањето на разговор со американската полиција нема да штети, особено ако одлучат да ме запрат, поради некоја причина ’додека возам’“, напишал Петерсен во пораката. „Американските полицајци користат малечки камери како дел до стандардната опрема, што значи дека иста заштита можат да преземат и граѓаните“.
Истата изработка на апликацијата специјализирана за насилни интеракции на полицијата и сомнитлените не е ништо ново. Американскиот сидникат за цивилни слободи веќе има апликација која овозможува пренос во живо и снимање на интеракција со полицијата.

Инспириран од движењата за човекови права
Иако кратенката не ја втемеилил на веќе постојните апликации,Петерсен рекол дека бил инспириран од групите за дигитални права како Electronic Frontier Foundation.
Иако не е познато колку луѓе ја симнале апликацијата од нејзиното излегување, едно е сигурно – на podreddit посветен на кратенки за iPhone таа е трета најпопуларна апликација на сите времиња. Моментално е во оптек верзијата 1.4, а сите досегашни промени се концентирани на исправки на баговите и поддршка
за дополнителни cloud услуги како iCloud.
Петерсен тврди дека реакциите на неговата кратенка се многу позитивни и дека многумина молат да ја прилагодат на други потенцијално опасни ситуации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Свадбени фотографии од овој пар разбесниле многумина: „Најодвратни на сите времиња“

Фотографиите од венчавката на непознатата двојка се проширија на социјалните мрежи, а необичната тема на …