ГН на Јапонија: 80. пол позиција за Хамилтон – фетел сам се „уништил“!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, во квалификациите пред Големата награда на Јапонија ја освоил пол позицијата, осма во сезоната, 80. во кариерата, со време од 1:27.760.
Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, го зазел второто место за 0.299 секунди заостаток, додека на третата позиција се пласирал Макс Ферстапен со заостанување од 1.297 секунди.
Виозачот на Ферари, Кими Раиконен ќе стартува од четвртото место, а следат Роман Грожнан (Хас), Брендон Хартли (Торо Росо), Пјер Гасли (Торо Росо), Естебан Окон (Рејсинг Поинт), Себастијан фетел (Ферари) и Серхио Перес (Рејсинг Поинт).

Возачите на Ферари единствени тргнале во завршниот дел од квалификациите со гуми за променливи временски услови, иако патеката била сува. Во тие моменти Хамилтон и Ботас ги извозиле своите најдобри кругови, а Фетел и Раиконен загубиле време да им парираат на ривалите.
Подоцна ги промениле гумите, преминале на супермеки, но во завршницата почнал да паѓа силен дожд, па немало прилика да се промени состојбата во поредокот.
Трката на програмата е во недела од 7.10 часот со директен пренос на ТВ 24, а минатата сезона прв бил Хамилтон пред Ферстапен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …