Најубавите филмски оскаровски теми во камерна изведба во недела во МОБ

Гудачкиот камерен оркестар Арко ќе ги изведува најпознатите филмски музички теми како „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на ШерлокХолмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“.

Во недела, на 7ми октомври, во Македонската опера и балет Гудачкиот камерен оркестар Арко по повод својот јубилеј, ќе одржи концерт на филмска музика. Оскаровските теми компонирани од Џон Вилијамс, Ханс Зимер, Мишел Легранд, ЕниоМориконе, Мајкл Џиакино, Нино Рота, ХенриМанчини ќе бидат изведени на гудачки инструменти што ќе биде прв таков концерт во Скопје.
Концертот е насловен како “It’s a Film”, а покрај 15те филмски оскаровски теми како „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на ШерлокХолмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“ ќе бидат изведени и теми од сензибилниот екстравагантен Боливуд.
Покрај ексклузивноста на програмата, вечерта ќе биде збогатена и од специјалните гости,Саи Шраванамна табла, дел од оскаровската екипа на филмот „Животот на Пи“ и АнџанаРаџагопалан, сопран, од Индија, како и атрактивната Соња Калајиќ на виолина и пила од Белград.
Програмата е создадена од Ерхан Шукри,кој исто така ќе ја држи и диригентската палка, а за концертот вели дека ќе биде уникатнодоживување да се слушнат светски реномирани музички имиња и единствена можност да се доживеат познатите музички теми во една сосема поинаква изведба.
Концертот ќе изобилува со прекрасни визуелни ефекти, балет, театар, танц, а дел од гостите кои ќе настапуваат се и нашиот а светски познат гитарист Дарко Багевски, кој после многу години настапува во Скопје, пијанистот Дино Имери, сопранистката Полина Тасева.
Вечерта на филмските музички теми ќе биде збогатена со примеси на театар, пантомима и балет преку учеството на Игор Ангелов, Балетскиот оддел од ДМБУЦ Илија Николовски-Луј и Мандолинскиот оркестар Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …