„Макфест 2018“ – прва вечер: Ќе фалиме – НЕ! Ќе бидеме објективни – КАТАСТРОФА!

Првата вечер на годинешното 33. издание на некогаш реномираниот и престижен фестивал „Макфест“ донесе едноставно кажано главно Катастрофи од песни. Ако тоа воопшто и’ може да се нарече песна…
Површно нафрлени ноти, без ритам, без ништо кое на ионака (во поголемиот дел) гласовно сиромашни пејачи им правеа мака да ги испеат…
Првата вечер на годинешнуиот „Макфест“ покажа во колку длабока криза ни е македонската забавна музика…Криза и тоа поблиску до бездна отколку било што друго…Шокира и изненадува што потврдени авторски имиња (како Кире Костов и Григор Копров) синоќа буквално се обрукаа со тоа што го прикажаа…Ниту песни како што треба ниту пак вистински избор на пејачки (барем според тоа што можевме да го слушнеме преку Тв екраните)…


Воопшто, се покажа дека синоќа на сцената на „Макфест“ имаше многу залутани пејачи и пејачки (некои додуша си признаа дека од градинка имале желба да пеат – но тоа не значи дека некогаш реномираниот фестивал ќе треба да им даде шанса „да си замислат како ќе пеат“…

Кој тоа таму и што пее


Синоќа додека ги слушавме песните во нашиот нотес беа забележани изразите: катастрофа, детска песничка, не се слуша, лоша снимка, лошо пеење, одлична изведба, добар пејач но лоша песна, нема врска – ниту песна ниту пејачка, измачување, во просек – тажно, пропуштена шанса, лошо, добро – можело и подобро, фалш, одличен пејач за просечна песна…
И, да не должиме. Првата вечер покажа колку е ниско паднат критериумот на „Макфест“…На фестивалот на кој настапувале најеминентните македонски пејачки имиња, на сцената на која дошле балканските легенди и покажувале професионализам, синоќа имавме можност да видиме само „желба за пеење“.
Секако, дека и’ сценскиот настап е важен, но победува песната, мелодијата која очигледно за македонските автори е голема непознаница…

И, уште нешто. На десет дека пред фестивалот беше соопштено дека се избрани 17. композиции а другите ќе се обезбедат по нарачки…За да после неколку дена се објават финалните списоци за „Макфест 2018“ и се комплетира списокот…Сомнително? Секако, бидејќи кога се нарачува песна најголемиот генијалец не може да ја направи за неколку дена, освен да извади, од фиока, готова песна…

Стари добри времиња
Рака на срце – додека зад „Макфест“ стоеше Стојан Троицки фестивалот беше како што треба…Зошто? Затоа што Троицки строго водеше сметка за секоја продадена или гратис влезница, во неговиот нотес бележеше се…Имаше случка кога еден познат бизнисмен сакал плус влезници на што од Троицки бил предупреден дека тие влезници не смеат да се користат за гласање. При пребројувањето на гласовите од публиката бев во седумчленото жири кое ги броеше гласовите кога се покажа купче со влезници. Троицки реагираше според броевите на влезниците и тие не беа земени предвид во вкупното пребропјување бидејќи тоа беа влезниците од бизнисменот кому му беше кажано дека тие карти не смеат да се користат за гласање. Имавме можност да присуствуваме и на личното кажување од страна на Троицки кој на бизнисменот едноставно му го покажа нотесот со броевите на влезниците…а дотичниот премолче и поцрвене во лицето…

Резултати од прва полуфинална вечер

Според резултатите од првата вечер се чини дека некој си полнел кутии и си обезбедил влез во финалето. Како и дека стручната комисија, медиското жири, или не присуствувале на изведувањето на песните или имаат некој друг проблем…Како може некои песни да не се во финале. Ок, не добиле гласови од публика, но загрижувачки е тоа што не добиле ниту од двете горе споменати стручни тела… Една од тие песни е секако „Караван“ која на сцена ја донесе Лена, а инаку е дело на Ристо Смарџиев и Кристијан Габроски. Според наше мислење една од најдобрите кои синоќа беа изведени.

Во табелата одделно се прикажани по евровизиски систем резултатите од гласањето на публиката, стручната комисија и медиското жири. Во ранг листата се прикажани 10-те песни кои влегуваат во финале.

Синоќешната вечер никој не може да ни ја врати…Ја одвоивме за да ја следиме првата фестивалска вечер од „Макфест“…Можеби никој нема да ни ја врати ниту вечерашната кога ќе бидат изведени уште 16. нови композиции кои ќе се борат за пласман во финалето…
Но, се надеваме дека фестивалските кујни ќе работат со помал интензитет и ќе остават простор за вистинските песни и изведувачи.
Ќе видиме.

Преносот од втората полуфинална вечер започнува од 20.30 часот и искрено се надеваме дека ќе имаме подобар тон од синоќешниот кога беше КАТАСТРОФА!

Г.О.

Фото:Макфест – Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …