„Макфест 2018“: Започнува битката за вредните евро-награди!

Вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе започне 33. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“…

„Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32. композиции, познати имиња од македонската забавна сцена но и нови лица кои бараат место на естрадата“, рече Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“.
Вечерва, доколку сакате да го следите фестивалот, тое ќе можете да го сторите од 20.30 часот преку директниот рпенос на МТВ1.


„Традиционално, големата сала на НУЦК „Ацо Шопов“ ќе биде комплетно подготвена за фестивалот. Се договараат последните финеси околу сцената, звукот, преносот и влегуваме во реализација на Макфест. Останува публиката и Македонија да слушнат нови 32 композиции од домашната продукција“, рече Кирил Панајотов, технички раководител на „Макфест 2018“.


На втората фестивалска вечер ќе можете да ги видите и слушнете:

Инаку, најдобрите композиции ќе се пласираат во финалето кое на програмата е во сабота.Се очекува со своја шоу програма да се претстави Дарио.
Инаку, натпреварувачите со совите тимови ќе се борат и за вредните награди и тоа – прва – 5.000 евра, втора – 4.000 евра и трета – 3.000 евра, додека за сите други награди се одвоени по 500. евра.
Останува да видиме и слушнеме што ново ќе донесе ова 33. издание на „Макфест“ што ќе претставува и „деби“ на Дојчиновски…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …