(ФОТО) Хамилтон и Ботас најбрзи на вториот тренинг

Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон бил најбрз на вториот тренинг во Сочи пред неделната трка за Големата награда на Русија.
Актуелниот шампион и водечкиот во генералниот пласман остварил најдобар резултат (1:33,385) пред клупскиот колега Валтери Ботас (+0,199).
Третото и четвртото место ги зазеле возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен (+0,442) и Даниел Рикардо (+0,459), додека најбрзиот од првиот тренинг Себастијан Фетел од Ферари бил петти (+0,543).

Квалификациите се возат во сабота од 14. часот, а 16. трка во сезоната на програмата е во недела од 13.10 часот.
Комплетната акција можете да ја следите на ТВ24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …