(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на престолот:„Крајот многумина ќе разочара“

Се’ поблиску е денот кога ќе почне прикажувањето на осмата и финална сезона на „Игри на престолите“. Последната сезона се состои од шест епизоди а тие 540. минути уживање фановите нетрпеливо ги очекуваат со месеци…
Каков ќе биде крајот, можеме само да претпоставиме, но глумицата Софи Тарнер сепак открила еден детал кој дополнително ќе ги заинтригира обожавателите на оваа хит серија.
„Ќе има многу солзи. како глумица многу сум среќна како се излезе, но на знам дали сите фанови ќе бидат задоволни. Мислам дека многу гледачи ќе бидат разочарани додека други ќе бидат пресреќни“ раскажала Софи за ИГН и признала дека и „се кршело срцето“ додека ја читала последната страна на сценариото на кое пишувало „Крај на Игри на престолите“.

„Ќе биде интересно да се видат реакциите на луѓето на поселдната сезона. За сите нас во актерската постава беше многу емотивно“, додала познатата Санса.
Иако љубовта кон серијата ја одбележала со тетоважа, се чини дека Софи оваа улога, која ја вивна во ѕвездите, никогаш нема да ја заборави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …