Замина уште една легенда: Почина Благој Истатов

Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал…
Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал Благој Истатов почина на 71-годишна возраст, информираа денеска од неговото семејство.
„Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5. април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт“, пишува Екипа.мк.
По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој се подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.
Македонската фудбалска легенда, Благој Истатов, кој почина денес, ќе биде погребан утре во 14 часот на Градските гробишта во Струмица, а претходно, во 11 часот ќе се одржи комеморативна седница во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, соопштија денес од Координативното тело кое е формирано по повод смртта на Истатов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …