Во изведба на Гудачкиот камерен оркестар Арко: Уникатна вечер со филмска оскаровска музика

Дел од филмските музички теми кои ќе прозвучат на концертната вечер се „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“.
“It’s a Film” е насловот на концертот со прекрасна филмска музика, што за првпат ќе се одржи во Скопје на 7ми октомври, во Македонска опера и балет. На ексклузивната филмска вечер ќе бидат изведени 15 музички теми од познати филмови, добитници на најпрестижната филмска награда, Оскар и теми од сензибилниот екстравагантенБоливуд.
Темите ќе бидат во изведба на Гудачкиот камерен оркестар Арко, под диригентство на Ерхан Шукри. Програмата е составен од музика напишана од перото на оскаровците, Џон Вилијамс, Ханс Зимер, Мишел Легранд, Енио Мориконе, Мајкл Џиакино, Нино Рота, Хенри Манчини. Дел од филмските музички теми кои ќе прозвучат на концертната вечер се „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“.
Концертот ќе изобилува со прекрасни визуелни ефекти, балет, театар, танц, а како ексклузивнигости ќе настапат, Саи Шраванамна табла, дел од оскаровската екипа на филмот „Животот на Пи“ и Анџана Раџагопалан, сопран, од Индија, атрактивната Соња Калајиќ на виолина и пила од Белград.
Дел од гостите кои ќе настапуваат се и нашиот а светски познат гитарист Дарко Багевски, кој после многу години настапува во Скопје, пијанистот Дино Имери, сопранистката Полина Тасева.
Вечерта на филмските музички теми ќе биде збогатена со примеси на театар, пантомима и балет преку учеството на Игор Ангелов, Балетскиот оддел од ДМБУЦ Илија Николовски-Луј и Мандолинскиот оркестар Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Симон Трпчески во „тимот од соништата“: Комплименти за македонскиот виртуоз!

Македонскиот пијанист во салата на филхармонијата во Луверпул имаше концерт на кој диригент беше Василиј …