(ФОТО) Денес без проблеми, а некогаш сакала да се самоубие: Жизеле Бундцхен во „Лекции: Мојот пат кон живот со смисла“ ги открива најинтимните детали од својот живот…
Се’ околу мене стануваше кафез, се чувствував како заробено животно и не можев нормално да дишам…
Познатата бразилска манекенка Жизел Бундхен, преку својата нова книга со мемоари „Lessons: My Path to a Meaningful Life“ („Лекции: Мојот пат кон живот со смисла“), открила многу детали од својот приватен живот. Книгата во продажба ќе излезе за неколку дена.
Во мемоарите Жизел говори и за своите први напади на паника кои почнале да се случуваат пред 15. години и кои на крајот ја довеле до состојба да размислува за самоубиство.
„Навистина размислував за тоа дека ако скокнам од балкон, најпосле ќе има крај и дека нема да можам да се грижам за мојот свет кој сè повеќе се смалуваше. Мислев дека сè околу мене може да ме убие. Прво тоа беа авионите, после лифтовите, тунелите, хотелите, студијата, па и автомобилите. На крајот имав страв и од својот стан. Се’ околу мене стануваше кафез, се чувствував како заробено животно и не можев нормално да дишам. Помислував дека сè ќе биде полесно кога едноставно би скокнала“, раскажува манекенката за People и додала дека нејзиниот живот го спасиле лекарите.
„Пушев, пиев по едно шише вино дневно и по три кафиња, а од сето тоа се откажав во еден ден“, признала Жизел, која денес живее семејна идила со сопругот Том Брејди и двете деца.