Нутриционистите тврдат: Овие три намирници предизвикуваат создавање „сало“ на стомакот!

Нутриционистите неодамна се согласиле дека стомачните мускули „се прават“ во кујната е не во теретаната, пшто значи дека за рамен стомак морате да обрнете внимание на храната која ја внесувате во текот на денот. Во спротивно, одредени намирници можат да го отежнат слабеењето, но и да предизвикаат создавање на наслаги во тој дел од телото.
Познатата диететичарка, Стефани Ферера, за магазинот Pop sugar издвоила три намирници кои не би требало да ги користите ако сакате рамен стомак.

Шеќер
Доколку сакате да го симнете салото од стомакот и да го истенчите струкот,прва работа од која треба да се откажете е шеќерот како и од храната која содржи скриени шеќери, како газирани сокови и спортски напитоци. Оваа храна е поврзана со зголемување на продукцијата на кортизол, хормон на стресот, овој хормон е вклучен во метаболизмот и е поврзан со зголемување на масното ткиво во утробата, односно масните наслаги на стомакот.
Одбегнувајте да додавате шеќер во вашето кафе, а наместо него ставете малку цимет. Исто така во незасладен овошен јогурт додајте боровинки, или банана во палачинка за да не додавате сладок прелив.

Рафинирани житарки
Стефани вели дека истражувањата покажале дека конзумирањето на рафинирани житарки (бел леб, бели печива, бел ориз и тестенина…) ја зголемуваат маста во абдоменалниот дел. Овие ефекти се јавуваат поради висок гликемиски индекс кој покренува ослободување на вишокот инсулин кој е поврзан со добивање килограми.
Наместо рафинирани житарки изберете комплексни јаглени хидрати кои поседуваат високо ниво на влакна и протеини. Диететичарката Лесли Лангвин препорачала намирници кои се познати по добрите нутритивни вредности а тоа се киноа, семе од овес, див ориз, црн грав, бобици и сладок компир.

Алкохол
Конзумирање алкохол е поврзано со создавање маснотии на стомакот. Кога пиете алкохол кој вашето тело не може да го претвори како резерва на масти, протеини или јаглени хидрати, вашиот црн дроб го преработува алкохолот што го попречува и успорува метаболизмот.
Чаша црно вино не е проблем, но прекумерна конзумација ќе доведе до создавање на мрсни наслаги.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …