(ФОТО) Бекам со густа, темна коса: Бил на пресадување?

Бекам веќе со години одредува модни трендови а најпознат е по своите фризури. Така, тој ја “протуркал” популарната “бекамица”, која поради него ја носеле многу мажи ширум светот…

Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам (43) има многу побујна и потемна коса, на најновите фотографии, но се шпекулира дека пресадил коса.

Имено, на фотката која ја објавил на својот Инстаграм профил, а на која позира на Кинескиот ѕид, Дејвид Бекам има густа темна коса.

Бекам веќе со години одредува модни трендови, а најпознат е по своите фризури. Така ја „протуркал” популарната “бекамица”, која поради него ја носеле многу мажи ширум светот.

На бившиот фудбалер фризурите му станале заштитен знак, но во последно време имал проблеми со паѓањето на косата. Тоа ги покренало гласините дека бил на трансплантација на коса.

Извор близок до семејството за магазинот The Sun потврдил дека Бекам се одлучил на тој потег откако испробал неколку различни фризури. Во последно време често можел да се види како носи капи.
„Било тоа вистина или не, станува збор за приватна работа“, изјавил гласноговорникот на Дејвид Бекам, а ниту самиот фудбалер не сака да говори за тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …