Во петок во Скопје гостува еден од најуспешните бендови во Велика Британија и Европа

Texas се појавуваат во 1986 година во Глазгов со Џони Макелен и шармантната Шарлин Спитери. Групата го добива името од култниот филм на Вим Вендерс “Париз, Тексас” од 1984 година.

Тие ќе бидат хедлајнери во петок во СРЦ Кале, Скопје.

TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board” кој е издаден во мај 2017 година.

Со излегувањето на четвртиот албум “White on Blonde” во 1997 година бендот станува светски позната. Texas се утврдуваат како еден од најуспешните бендови во Велика Британија и Европа.

Следната 1999 година, “The Hush”, е на врвот на топ листите.

Меѓу најпознатите нивни синглови се: “Say What You Want”, “Halo”, “Black Eyed Boy”, “Put Your Arms Around Me”, и др. Во 2000 година шкотскиот бенд издава албум со најдобрите нивните хитови, кој ги предводи музичките табели во Велика Британија и се здобива 6 пати со платинест статус. Иако за неколку години, членовите на групата ќе се разделат, во 2013 се собираат повторно и издаваат три многу успешни албуми: “The Conversation”, “Texas 25” и “Jump On Board”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Денес е спомен на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски: Пример за победување на верата и покрај сите маки!

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на …