(ФОТО) Деми Ловато видена првпат после предозирањето: Не изгледа како што би очекувале!

Американската глумица и пејачка, Деми Ловати, е видена првпат во јавност откако скоро умрела поради предозирање, кон крајот на јули, пренесуваат американските медиуми.
Видена е како разговара со пријателка со која се нашла на кафе во пауза од рехабилитацијата. Иако многумина веројатно верувале дека ѕвездата ќе изгледа поинаку од обично Деми изгледала среќно и опуштено додека разговарала со пријателката која го шетала нејзиното куче.

Ловато (26) во неколку наврати во јавноста говорела за зависноста од дрога и алкохол како и психичките проблеми. Лекувана е поради пореметување во исхраната, а рекла и дека страда од биполарно пореметување.
Во документарна снимка на ЈуТјуб од 2017. „Едноставно комплицирана“ говорела за годините на употреба на дрога, пореметувањето во исхраната и опивањето и признала дека прв пат кокаин земала на 17. години.Кон крајот на јули завршила во болница поради предозирањер и за малку ќе умрела.
Нејзината мајка минатата недела, во едно интервју, изјавила дека после инцидентот Деми е добро.
„Сеуште ми е тешко да зборувам за тоа. Сега, кога ќе се сетам на тој ден и што се случи почнувам да се тресам“, рекла Диана де Ла Гарза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно …