Готов сендвич за смрт: Ќерка на милионер умрела на лет од алергиска реакција

Средношколката од Фулам внимателно ги проверила состојките пред купување, бидејќи знае дека е алергична, но овојпат сусамот, на кој била алергична, не бил наведен во декларацијата бидејќи бил состојка која се печела во самото печиво…
Англискиот милионер и бизнисмен Надим Еднан – Лапероус, основач на компанијата „WOW toys“, бара одговори откако неговата ќерка (15) трагично загинала. Таа на летот од Лондон до Ница се здобила со јака алергиска реакција на сендвичот кој го купила на аеродромот во Лондон.
Наташа Еднан Лапероус купила „Pret a Manger“ сендвич со артичоки, маслинки и намаз во продавница на Хитроу.
Средношколката од Фулам внимателно ги проверила состојките пред купување, бидејќи знае дека е алергична, но овојпат сусамот, на кој била алергична, не бил наведен во декларацијата бидејќи бил состојка која се печела во самото печиво.

„Сфатила дека нешто не е во ред дури кога ги видела црвените флеки“

Сфатила дека нешто не е во ред дури откако и се појавиле црвени флеки на кожата, а тогаш татко и и’ ставил една од двете инекции кои секогаш ги имала со себе,за итен случај. Но, и покрај инекцијата девојката почнала да хипервентилира, па и ја дале и втората доза. На девојката срцето и застанало и починала во болница во Ница, пишува Daily Mail.
Во Лондон била покрената истрага во која ќе биле земени изјави од семејството, менаџерот на продавницата во која девојката го купила сендвичот, но и од шефот на безбедност на британскиот ланец на храна во кој девојката го купила сендвичот.

„Болката е неподнослива,се’ не потсетува на неа…“

„Сега, како тричлено семејство, мојот син, сопругата и јас се обидуваме да се привикнеме на живот без нашето сакано девојче. Тоа е секојдневна битка, хорор, а болката е неопислива. Се’ што ќе кажеме или направиме е потсетник дека таа не е повеќе со нас, нејзината празна соба, школската униформа која виси во орманот, нејзината патна торба за одмор во Ница која никогаш не беше распакувана. неподносливо е“, рекол таткото Надим.
Во текот на истрагата се очекува да се испита дали декларациите на пакувањата за храна треба да бидат построги. Имено, се верува дека сусамот бил запечен во печивото а не како што е обичај да биде анросен по врвот.
Сусамот е еден од 14. алергени кои според законот мора да биде наведен на декларацијата на пакуваната храна. Но, дупките во законот на некои компании им овозможуваат во некои ситуации да не мора да го наведат, како за храната која е направена истиот ден во кујната каде што се продава. Наместо декларација, натписите на полиците ги предупредуваат купувачите кај персоналот да се распрашаат за потенцијални алергени во храната.
Ако истрагата потврди дека имало пробоеми во информацијата за алергените би можело да дојде и до приватни тужби.
Исто така ќе бил испитан и персоналот на Бритиш Ервејс околу акцијата која ја презеле да и го спасат животот на несреќната девојка, каква обука минале и каква оорема иамаат за такви случаи.
Гласноговорникот на „Preta“, профдавницата во која девојката го купила сендвичот рекол:
„Длабоко жалиме попради несреќната смрт на Наташа и нашите мисли се со нејзиното семејство и пријатели. Поради алергиите на храна како ги пренесуваме информациите за алергените во нашата храна го сфаќаме многу сериозно. максимално ќе учествуваме во истрагата“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Да бидеме хумани: На многудетно семејство му треба наша помош!

Добрите луѓе повторно се покажаа хумани и емотивни… Филип Пепоски на Фејсбук сподели фотографија од …