(ВИДЕО) Верувале или не…Роџер Федерер е нов тренер на Новак Ѓоковиќ!

На „Лејвер куп“ во Чикаго, Новак Ѓоковиќ доживеал големиот ривал Федерер да му биде тренер.
Имено, Новак и Роџер го претставуваат тимот на Европа на егзибициониот Лејвер куп во Чикаго, а бидејќи се во иста екипа, често во текот на мечевите си делат совети и еден друг се поддржуваат на теренот.
Така на мечот против Андерсон, кој Новак го загубил со 7:6, 5:7, 10:6, Федерер практично му бил тренер на Ноле. Бил покрај него, го бодрел, му делел совети додека бил на клупата
За жал, советите на Роџер не му помогнале на Новак бидеќи загубил од Кевин Андерсон.

Сепак, мечот го одбележале неколку одлични поени, а најспектакуларниот му припаднал на Новак. За каква мајсторија станува збор говори и фактот дека Роџер Федерер скокнал и френетично му аплаудирал на Ѓоковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Денес е спомен на Светата великомаченичка Варвара:Кој прв ќе ве „полази“ таква ќе ви биде годината

Православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара Таткото на оваа славна …