(ВИДЕО) Очекувана но крвава победа – Џошуа го нокаутираше Поветкин во седмата рунда

За разлика од други мечеви Џошуа не остана „негибнат“ туку мечот го заврши со раскварен нос…од кој ја бришеше крвта и за време на интервјуто по завршувањето на мечот.
Ентони Џошуа ги одбрани своите титули во тешка категорија и остана непоразен, откако во седмата рунда го „патосираше“ рускиот предизвикувач Александер Поветкин на дождливиот „Вембли“…

За многу боксерски фанови дуелот со Поветкин беше само неопходна епизода пред можниот меч за обединување на титулите во тешка категорија против Американецот Дионтеј Вајлдер, но Поветкин беше се’ само „неопходен“, откако Русинот го фати Британецот со одличен удар и беше одличен во првите шест рунди.

Русинот, кој досега беше поразен само од Владимир Кличко и тоа на поени, ја презеде иницијативата и беше подобар во втората и третата рунда, но Британецот полека се смири за да во седмата рунда го „зафати“ својот противник. Поветкин стана, но повторно беше соборен за Џошуа да стигне до 21. нокаут во 22 професионални меча и да ги одбрани ВБА, ИБФ и ВБО титулите.
Следниот меч на Џошуа е закажан за шест месеци, поточно на 13. април и најверојатно ќе се случи повторно на „Вембли“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно …